Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕкс претседателот на Србија и Црна Гора уапсен поради корупција

Екс претседателот на Србија и Црна Гора уапсен поради корупција

Црногорската полиција во Подгорица го уапси Светозар Маровиќ еден од најистакнатите политичари кој беше претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора под сомнение за организиран криминал и корупција. Обвинение најверојатно ќе се покрене за случаите на корупција Јазу и ТQ Plaza со кои е оштетен општинскиот буџет на Будва за над 1.4 милиони евра.

svetozar-marovicМаровиќ беше долгогодишен претседател на Собранието на Црна Гора, а е претседател и на Политичкиот совет на партијата ДПС. Постапка се води и за речиси целата негова фамилија, во притвор е синот Милош, братот Драган, ќерката Милена и стрината Мирјана.