Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкс министри пред притвор за изборните измами

Екс министри пред притвор за изборните измами

Специјалното јавно обвинителство ја подготвува првата сериозна акција наречена „Титаник“ поврзана со наводни изборни манипулации на изборите во 2012-та и прекршување на законите од страна на екс министри и државни злужбеници за кои е можно барање и на мерка физичко обезбедување и притвор.

Фетаи од СЈО објави дека истрага е поведена за кривичните дела злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали и злоупотреба на средства од изборна кампања, а се води против поранешените министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, државниот секретар и повеќе соучесници.

izbori glasanjeОва е прв предмет и втор по важност за СЈО, но е значаен бидејќи со манипулација на изборниот процес директно се влијание на сите институции во државата и се добива целата моќ. Едно лице поради двојното државјанство веќе е лишено од слобода, а осомничени се и судии на Управниот суд, четири членови на ДИК од 2013-та и членови на општинска изборна комисија во Чаир.