Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОбновено: Екс градоначалникот Петрески спречил обид за убиство

Обновено: Екс градоначалникот Петрески спречил обид за убиство

За настаните во Охрид доаѓа нова информација која демантира дека Александар Петрески поранешниот градоначалник на Охрид бил тешко нападнат. Тој бил присутен во агенцијата за недвижности но, нападот наместо врз него бил извршен врз сопственикот поради нерасчистени односи.

-На 03.10.2015 година во 13:45 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, во канцеларија на Агенција за недвижности сопственост на Ќ.М.(55) од сeло Биџево,Струга, каде бил присутен П.А.(52) од Охрид ул.„К.Шапкарев“ бр.4, влегол С.О.(52) од Охрид, кој започнал расправија со Ќ.М. поради нерасчистени имотно-правни односи. Во еден момент С.О. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува. Тогаш А.П. со лицето С.Ѓ.(38) село Велгошти-Охрид, му го одзеле пиштолот, по што го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во соопштението на МВР.