Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкс директорка си терала ќејфови и мераци со државни пари

Екс директорка си терала ќејфови и мераци со државни пари

шки чорапи, влажни марамици, козметика, аутан, спреови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи, се дел од продуктите кои ги купувала на сметка на Центарот за вработување на Скопје при Агенцијата за вработување неговата поранешна раководителка Слободанка Алексовска, информира на денешната прес-конференција директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска.

Алексовска, како што јавува „Либертас“, во согласност со позитивните правни прописи е суспендирана од работното место раководител на Центар за вработување на Град Скопје, а како што информираше Јовановска донесена е одлука за поведување на дисциплинска постапка која ќе продолжи по завршувањето на изборите.

Во тек е комплетирање на документација неопходна за поднесување кривична пријава за сторени кривични дела од страна на Алексовска.

– Слободанка Алексовска несовесно, спротивно на правните прописи, со злоупотреба на службената положба и овластувања нанела штета на имотот и буџетските средства на Агенцијата за вработување, информира Јовановска.

Таа додаде дека спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила, Алексовска користела две службени возила надвор од работното време, по 16 часот и 30 минути и тоа за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење на годишен одмор.

Од буџетот на Агенцијата Алексовска трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцните вечерни часови. Исто така, за угостителски услуги правела повеќе сметки во износи над 6.000 денари во доцните вечерни часови и за време на викенди.

Алексовска, како што информираше директорката на Агенцијата, од буџетот на оваа институција во 2016 година потрошила 429.597 денари (околу 7.000 евра), а за првата половина од оваа година 116.625 денари (околу 2.000 евра) за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично.

Како доказ за овие тврдења Јовановска на новинарите присутни на денешната прес-конференција им приложи фотокопии од фискални сметки.

Јовановска нагласи дека ревизија за годините пред 2016 година се уште не е направена и дека ќе се преземат мерки за да се истражи целосно работењето на Агенцијата и на сите раководители во тој период.

– Сето ова покажува какви неодговорни лица раководеле со Агенцијата за вработување на Република Македонија во изминатиот период и како злоупотребувале државни средства, пари од граѓаните за свои лични потреби и задоволства, оставајќи зад себе хаос, штета, безредие и поттикнувајќи беззаконие. Законот важи за секого и секој што ќе се огреши ќе сноси одговорност, рече Јовановска.

Таа вети чесно работење и целосно почитување на позитивните законски прописи на земјата.