Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕкономската состојба на деловните субјекти забележува голем растеж

Економската состојба на деловните субјекти забележува голем растеж

Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Од Државниот завод за статистика информираат дека е можна уште поповолна состојба и во наредните две тримесечја.

Оценката на раководителите на деловните субјекти тврди дека индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е намален за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година. Финансиската состојба во второто тримесечје од годинава, пак, е понеповолна во однос на првото тримесечје, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, додека за бројот на вработените се очекува дека ќе се зголеми.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 27,9 проценти, зголемената понуда на пазарот со 14,2 и добивањето на банкарски кредити со 12,8 проценти.