Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕкологистите вознемирени: Опасен вид риба откриен во Охридското езеро

Екологистите вознемирени: Опасен вид риба откриен во Охридското езеро

Рибата Толстолобик се појави во водите на Охридското езеро. Овој вид риба е познат како кинеса риба која е неавтохтона и може да предизвика сериозни последици врз рибниот фонд во езерото особено врз Охридската пастрмка, предупредуваат спортските риболовци и експертите. Нејзини примероци деновиве се пронајдени во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга.

Спортските риболовци велат дека на овој начин е вклучен црвениот аларм за спас на езерото. Од Хидробиолошкиот завод во Охрид се сомневаат дека кинеската риба се нашла во езерото како резултат на човечки фактор.

„Појавата на рибата, во секој случај, е овозможена од човечки фактор. Некој ја внел во сливното подрачје на Охридско Езеро, најверојатно за одгледување во некои рибници и на тој начин преку водотеците дошла на места каде не треба да се наоѓа, во овој случај Охридско Езеро“ – вели Зоран Спиркоски од Хидро-биолошкиот институт во Охрид.

Асоцијациите и организациите кои се занимаваат со рибниот фонд ќе бараат одговор за потеклото на внесувањето на оваа риба во Охридско езеро. Инаку, кинескиот толстолобик во Македонија го има во Тиквешко и во Крушевско Езеро и во други акумулации, каде биле уловени примероци тешки до 20 килограми.

Граѓаните на Охрид шпекулираат дека од другата страна на езерото, во Поградец, Албанија, овој вид риба, вештачки се одгледува во тамошните рибници, од каде е можно да е префрлена во езерските води. Се тврди дека на локалниот пазар во Поградец се продава по цена од 150 денари за еден килограм.

Овој вид на риба до сега има направено големи штети во светски рамки. Во дел од притоките на Големите езера во Северна Америка до сега предизвикала сериозни проблеми врз останатите риби кои живеат во нив. Карактеристична е по тоа што расте брзо, а цревата и се за 15 пати подолги од телото. Ја има во сива и бела боја.