HomeДЕНЕШНАСкопјеЕко хепенинг кај „Школка“

Еко хепенинг кај „Школка“

Во Градскиот парк во Скопје на местото „Школка“ денеска ќе се одржи голем Еко хепенинг под мотото „Играј, пеј и рециклирај е-отпад“. Настанот е организиран од страна на Центарот за климатски промени во соработка со Елколект ДОО Скопје.

„Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, е еко хепенинг кој се реализира по повод завршување на проектот „Е-отпад создава можност“, кој е финансиран од Американската амбасада во Скопје.

Во проектот беа вклучени 15 училишта од цела Македонија, а главната цел беше подигнување на јавната свест за правилно постапување со електричниот и електронскиот отпад (е-отпад). Преку проектот за сите училишта беа обезбедени еко-контејнери за собирање на Е-отпад. Исто така, беа организирани повеќе активности за учениците од прво до деветто одделение како што се одржување на едукативни презентации, креативни работилници, истражувања и квиз на знаење на тема е-отпад. Воедно, со започнувањето на проектот започна и натпревар во собирање на е-отпад, а наградите за најголема соберена количина електричен и електронски отпад ќе се доделат на самиот настан.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе изобилува со богата музичка и едукативна програма подготвена од самите ученици од основните училишта кои беа вклучени во проектот „Е-отпад создава можности“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com