HomeДЕНЕШНАРепубликаЕко акција: Поставени гнезда за Царски орли на далекувод

Еко акција: Поставени гнезда за Царски орли на далекувод

Македонското еколошко друштво и активистите од „Аквила“ добија подршка од државната компанија МЕПСО за поставување на гнезда и платформа за гнездење за Царските орли на електричен далекувод од 400 kw во околината на Штип близу границата со Бугарија. Оваа акција ќе овозможи ретките птици да го одржат своето природно живеалиште и да ги одгледуваат своите малечки потомоци со цел да се сочува видот на царските орли.

gnezdo_1

„Во изминативе три години МЕПСО и екологистите поставија над 20 платформи на високонапонски далеководи на потегот Сојаклари-Долно Караслари, Велешко и на потегот Чардаклија-Стрмош во Овче Поле. Целта на управниот одбор на МЕПСО е секогаш со сите расположливи ресурси да ги помага граѓанските иницијативи кои се однесуваат на заштита на животна средина, флора, фауна и на зајакнување на општествено корисни практики, изјави по акцијата Никола Стојанов, портпарол на МЕПСО.

Царските орли се заштитени со закон и се превземаат сериозни мерки за зачувување на постоечката популација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com