Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЕкипи на Црвениот крст и денеска патролираат по скопските улици

Екипи на Црвениот крст и денеска патролираат по скопските улици

Црвен крст со активности за заштита од топлотниот бран

Веќе неколку години Црвен крст на град Скопје активно се вклучува со превентивни  и теренски активности во насока на заштита на населението од топлотниот бран кој ја зафаќа нашата земја во летниот период. Активностите се координирани со Црвениот крст на Р. Македонија, Министерството за здравство, Градот Скопје и Центарот за управување со кризи.

Активностите на тимовите на Црвен крст на град Скопје беа поделени во два дела- теренски активности и дежурства на СОС линијата. Во рамките на теренските активности, обучени волонтери и лекар, со возила на Црвен крст патролираа по најфрекфентните локации во нашиот град, делеа вода и флаери за граѓаните со совети како да се заштитиме од топлотниот бран.

Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на  крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени потешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и хронично болни кои побараа помош од екипите наЦрвен крст.

За активностите во овој  период, ангажирани беа 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и  5 возила од кои 3  ќе патролираат низ градот, а  две за време на викенди ќе бидат  дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.

Тимот за спасување на планина  при Црвен крст на град Скопје, како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и појава на пожари на отворено. Волонтерите од  тимот, преку делење  пропаганден материјал во овој временски период се обидуват да влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели, а во соработка со Шумска полиција, и ЈП „Паркови и зеленило”, од 01.06. до 31.08.2015 година ќе бидат активни во давање совети  на граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.

20 тимови на волонтери од  Тимот за одговор при катастрофи  во текот на месец јуни и јули  на територијата на град Скопје догега  поделиле 7 000 шишиња со вода, односно 3 500 литри вода. За помош се обратиле 70 лица од кои 4  лица се пренесени до нивните живеалишта.

Во рамките на Здравствениот акционен план за топлотни бранови, кој е на ниво на Министерството за здравство, веќе неколку години функционира СОС ЛИНИЈА за топлотни бранови, чија главна цел е да дава информативни совети во однос на превенирање на здравствени последици кои може да јавуваат како последица од високите температури. Истата функционира на рамките на Црвениот крст на РМ- Црвен крст на град Скопје. На линијата секој работен ден од 10:00-18:00 часот има дежурни волонтери, кои поминаа обука за давање совети и корисни информации на граѓаните поврзани со превенција од евентуални несакани последици по здравјето, како и превентивни совети. Телефонот на кој може да се обратат граѓаните секој работен ден е 02 32 21 902, а истиот функционира од 16.06.2014 година, се вели во соопштението на Град Скопје.

 

.