HomeРЕФЛЕКТОРФилмЕкипата од серијата „Will and Grace“, десет години подоцна

Екипата од серијата „Will and Grace“, десет години подоцна

Поминаа дури 10 години откако се заврши со емитување на серијата „Will and Grace“, но актерската екипа неодамна се собра и сподели фотографија на Инстаграм, предизвикувајќи носталгија кај своите обожаватели. Дебра Месинг, Ерик Макромак, Меган Мулали и Шон Хејз се собраа по повод десет години од телевизиската серија „Will and Grace“, а Месинг која ја толкуваше главната улога во ликот на Грејс, објави фотографија на својот профил на Инстаграм воодушевувајќи ги обожавателите.

vil-i-grejs-f2

Дебра Месинг набргу на својот профил на Твитер објави дека „има чувство дека нешто големо се подготвува“ и со тоа ги наведе медиумите да шпекулираат за можно продолжување на популарната серија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com