Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕкипата на „А фонд“ се преселува со снимање кај Градско

Екипата на „А фонд“ се преселува со снимање кај Градско

Денеска снимањето на францускиот филм „А фонд“ продолжува на нова локација, овој пат на магистралниот пат А1, односно делницата од мотелот Македонија до Градско.

Патниот правец ќе биде попречен за сообраќај во период од  5 часот наутро до 18 часот попладне. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација, а снимањето ќе се одвива само во работните денови.