Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕК со итна парична помош до Хрватска за справување со бегалците

ЕК со итна парична помош до Хрватска за справување со бегалците

Поради големиот бран на бегалци во земјата, Европската комисија одобри 16,4 милиони евра за Хрватска кои ќе бидат од помош при справувањето со мигрантите и подобрувањето на состојбата на терен. Од нив, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција.


„Со оваа одлука продолжуваме со поддршка на земјите членки соочени со зголемен број азиланти и мигранти. Ставаме на хрватските власти на располагање 16,43 милиони евра за подобрување на управувањето со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.


Овие средства ќе се користат за финансирање на мерки преземени по 16 септември, со цел зголемување на надзорот на полицијата на хрватско-српската граница за подобро управување, како и за подобрување на условите во привремените прифатни центри.