Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕК ќе го решава спорот помеѓу Хрватска и Словенија поради загрозување на миграцијата на дивеч

ЕК ќе го решава спорот помеѓу Хрватска и Словенија поради загрозување на миграцијата на дивеч

Европската комисија ќе има тешка задача поради спорот кој Хрватска е подготвена да го покрене против Словенија, а причината е поставувањето на бодликава жица и ограда на границата кои влијаат на миграцијата на дивеч.

За овој проблем претседателот на ЕК е известен преку писмото испратено од министерката за надворешни работи, Весна Пусиќ, која ги истакнува словенечките активности на подрачјето на Горски Котар и Истра како противречност за на целите на заштита на околината во рамки на еколошката мрежа Натура 2000.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ се надева дека во понатамошниот период со реакција на Комисијата ќе се спречи оштетување на Директивата за зачувување на дивата фауна и флора.