Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕгзорцизмот ќе биде дел од реално шоу

Егзорцизмот ќе биде дел од реално шоу

„Exorcism: Live!“ е новото шоу кое ќе се снима и емитува во живо од опседната куќа во Сент Луис каде во 1949 навистина бил извршен егзорцизам, а подоцна овој случај служеше и како инспирација за снимање на култниот хорор филм.

Шоуто ќе биде во продукција на Destination America, а ќе се емитува на Денот на сите светци или популарниот празник Халовин кога сите се маскираат, а децата одат од куќа до куќа барајќи подароци. Во „Exorcism: Live!“ ќе се појави видовитиот Чип Кофи кој тврди дека може да разговара со демони и ќе се обиде да ја реши мистеријата за опседната куќа.