Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕгзистенцијата на Југохромци доведена во прашање – Димитриев ги игнорира

Егзистенцијата на Југохромци доведена во прашање – Димитриев ги игнорира

Југохромци уште еднаш ги потсетија властите дека егзистенцијата на околу 700 работници се доведени во прашање.

Доколку не донесете позитивна одлука за повторно пуштање со работа на „Југохром Алазар“ Јегуновце во текот на следната недела тоа ќе значи згаснување на Југохром засекогаш, соопштуваат денеска од Синдикалната организација „Југохром Алзар“ од Јегуновце. Вработените преку писмо пратено до техничкиот премиер Емил Димитриев да одговори на нивните барања за да се пролонгира рокот за изградба на филтри за отпрашување за да можат повторно да почнат со работа.

„Ова го укажуваме бидејќи во текот на месец април истекува рокот за забрана за работа на Југохром и објективно постои опасност за одземање на А интегрирана еколошка дозвола кое ќе значи дефинитивно затварање на Југохром Јегуновце и опустошување на егзистенцијата на народот во овој крај за кој Југохром беше единствена егзистенција.

„Доколку ова се случи, Вие и оваа Влада ќе бидете директно одговорни за затварањето на Југохром и неизлегувањето во пресрет на многуте заеднички барања на вработените и раководството упатени до вас со кое се бараше пролонгирање на рокот за изградба на филтрите за отпрашување и со тоа повторно започнување со работа,“ посочуваат од Синдикалната организација на Југохром Алзар и бараат да им биде одговорено во најбрз рок.