Monday, Oct 16, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеЕгзибиционен адреналин на Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival

Егзибиционен адреналин на Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival

Вљубениците во велосипедизмот и сите оние кои сакаат добра адреналинска забава ќе имаат можност во петок да уживаат на светскиот FMB сребрен настан, Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival.

Подготовките за настанот се скоро комплетирани пред платото на Skopje City Mall, се постави земјена патека со должина од 150 и широчина од 10 метри, со почетна скокалница висока 15, а долга 30 метри, три помали скокалници со висина од 2,5 метри и четири вештачки ридови со висина од по четири метри.

Oxygen, планинарскиот клуб за велосипедисти во Македонија кој воедно е и организатор на ова егзибиционо шоу, известува дека се очекуваат повеќе од 40 натпреварувачи од шест држави, меѓу кои и трократниот европски првак, Бен Савиќ.