Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЕгипетскиот јавен сервис прати на диета осум водителки

Египетскиот јавен сервис прати на диета осум водителки

Египетската државна телевизија суспендираше осум свои водителки, а причината за тоа е телесната тежина. На водителките им било соопштено дека мора да бидат на диета, јави BBC. Египетската радиотелевизија им даде рок на водителките еден месец да ослабат пред да можат да се појават пред камерите во „примерно издание“.

Ваквата објава предизвика протест меѓу посочените водителки, а Египетскиот женски центар за правна помош ја осуди оваа мерка, тврдејќи дека се работи за „прекршување на Уставот“ и дека тоа е облик на насилство кон жените. И покрај критиките, извори во телевизијата тврдат дека одлуката нема да биде повлечена.