Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕфтиниот „Renault“, попознат како „Dacia“ со јубилејна бројка од 3.500.000 продадени возила

Ефтиниот „Renault“, попознат како „Dacia“ со јубилејна бројка од 3.500.000 продадени возила

Од 2004 година, „Dacia“ продаде 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранот. Евтината верзија за која што сите големи производители му завидуваат на Renault од повторното лансирање пред единаесет години постојано бележи раст во продажбата. Само во првото полугодие од 2015та, Романците во 44-те земји продадоа 290.000 возила, што претставува зголемување од 10,1 проценти во споредба со истиот период лани. На дури 19 пазари, марката „Dacia“ постави нови продажни рекорди во првите шест месеци од годинава.

За евтината марка на Renault во првото полугодие се решија 205.000 купувачи само на територијата на Европа. На најважниот пазар за овој бренд во Европа и на францускиот пазар, „Dacia“ е на петтото место на најпродавани марки на возила. Ако се сметаат само возилата што се во приватна сопственост, тогаш „Dacia“ е четврт најпродаван модел на кола во Франција.