HomeДЕНЕШНАРепубликаЕдукација на младите за превенција од ХИВ и СИДА

Едукација на младите за превенција од ХИВ и СИДА

mmsa_hiv_durex_2016_2

Светскиот бренд Дурекс со акција оваа година за светскиот ден за борба против СИДА-та ги поддржа средношколците и студентите преку делење на едукативни материјали и кондоми. Дурекс се вклучи активно во едукацијата на младите преку македонската медицинска студентска асоцијација, како и преку одборот за Репродуктивно Здравје и СИДА на Факултетите. Како дел од едукативната активност, го посетија  студентскиот дом Пелагонија во Скопје, вечерната забава на Ротаракт клубот во кафулето Камарите во Битола, како и кампањата Шизици уживајте без ризици @Таксират во МКЦ .

 mmsa_hiv_durex_2016_3

„Како и секоја година, Дурекс активно се вклучува во подигнување на свеста на средношколците и  студентите за сексуалното и репродуктивно здравје, како и за планирање на здраво семејство. Младите треба да знаат како се пренесува ХИВ вирусот и на кој начин треба да се заштитат. Истовремено, треба да се отстранат нивните бариери кон лицата кои живеат со ХИВ“ – изјавија од Дурекс.

mmsa_hiv_durex_2016

Ситуацијата во Македонија

Во периодот 2013/2014 година, Дурекс спроведе истражувања во Македонија во однос на тоа колку од средношколците и студентите користат кондоми и колкаво е нивното познавање во поглед на заштитата од СПИ и непланирана бременост. Ситуацијата во средните училишта беше алармантна, со само 62% од средношколците кои изјавиле дека користат кондом и со 2/3 од нив кои ги чуваат кондомите на несоодветни места, со што може да се предизвика нивно оштетување.

Кај студентите пак ситуацијата е релативно подобра, со 94% од нив кои потврдиле дека користат кондоми, меѓутоа не при секој сексуален однос и не со сите партнери. Загрижувачко кај оваа група на млади лица беше ставот на речиси половината од испитаниците кои сметаа дека купувањето на кондоми секогаш треба да биде обврска на мажот, што претставува енормно голема бројка на лица кои веруваат во одреден стереотип кој во никој случај не е точен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com