Thursday, May 25, 2017
HomeАНТИСТРЕСГурманЕдноставен трик за брзо готвење на тестенини за вечера

Едноставен трик за брзо готвење на тестенини за вечера

Макароните, шпагетите и останатите видови на тестенини се омилени на многумина бидејќи лесно и брзо се подготвуваат, а може да се комбинираат со различни состојки и сосови. Но, доколку сте премногу кратки со време со еден едноставен трик може веднаш да ги зготвите тестенините.

Наместо да ги варите во тенџере ставете ги во тава и полијте ги со ладна вода. Поставете средна температура на варење, повремено мешајте и тие ќе бидат готови за десетина минути. На овој начин ќе заштедите во време за загревање на водата за тенџерето и нема потреба од прменогу цедење. Останатите додатоци нека бидат по ваш вкус и избор.