Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕднодневен пункт за мигранти ќе се гради во Гевгелија

Еднодневен пункт за мигранти ќе се гради во Гевгелија

Во Гевгелија ќе се отвори специјален пункт за еднодневен престој на мигрантите. Ова треба им го олесни чекањето до нивно заминување со јавен превоз кон Табановце. Гевгелискиот градоначалник, Иван Франгов, УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст ќе го градат пунктот. Во него ќе се прифаќаат мигранти кои секојдневно пристигнуваат преку македонско-грчката граница.
migranti

Претставниците на УНХЦР побараа пунктот за еднодневен престој да биде лоциран на просторот околу автобуската и железничката станица во Гевгелија со цел да се спречи талкање на бегалците по другите делови од градот. Пунктот ќе биде опремен со тоалети, вода, маси и клупи и со заштита од сонце.

Градоначалникот на Гевгелија вели дека има потребата од ваков пункт и во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција каде што престојуваат многу бегалци без никакви услови. На тој простор, посебни тимови на УНХЦР и Црвениот крст, во чиј состав се наоѓаат и медицински екипи, на бегалците им нудат здравствени услуги и вакцинирање.