Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕдно прашање ги дели партиите од конечен договор во Пржино

Едно прашање ги дели партиите од конечен договор во Пржино

Работните групи на четирите политички партии на иницијатива на амабасадорите Орав и Бејли од Европската Унија и САД одржуваат нова рунда на разговори за конечно изнаоѓање на договор кој земјата треба да ја врати на реформскиот пат и да се најде излез од политичката криза.

Според повеќе извори, засега само едно прашање и понатаму е спорно иако дипломатите не откриваат за што всушност станува збор. Сепак, тоа е порака дека опозицијата успеала да наметне поголем број на свои барања кои најверојатно се исполнети, особено клучните за регулација на медиумите, реформи во јавната сфера и целосно прочистување на избирачкиот список.

Најверојатно висат новите мерки како формирање на специјални одделенија во кривичниот суд и МВР кои треба да и асистираат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што на повеќе наврати од власти беше посочено како нелигитимно и непотребно. Разговорите ги водат Шеќеринска од СДСМ, Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Груби од ДУИ и Алиу од ДПА.