Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Едно лице го загуби животот во страшна сообраќајка која се случила уторово околу 5 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста Сеферов бунар.

До несреќата дошло кога возилото „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар, при престигнување на друго излетало од коловозот, при што со повреди се здобил возачот и совозачот Л.Ќ. од Кичево. Со возило на Итната медицинска помош лицата се пренесени во Кичево, каде Деар Д. им подлегнал на повредите, а совозачот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.