Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице повредено кај тунелот Катланово

Едно лице повредено кај тунелот Катланово

Едно лице е повредено во сообраќајка кај тунелот Катланово, на автопатот Велес-Скопје. Несреќата се случила околу 13:50 часот, а во неа учествувале две товарни возила и еден патнички автомобил. Како што информираат од СВР Велес повреденото лице со Брза помош е однесено на Скопските клиники.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Скопје, кај тунелот Катланово, од 15:25 часот се одвива по една коловозна лента. Како што информира АМСМ, движењето на возилата е забавено, бидејќи е направена долга колона.