Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице повредено – гореше куќа во Велес

Едно лице повредено – гореше куќа во Велес

Маж е повреден во пожар што попладнево избувна во куќа во стариот дел во Велес. Шеесет и двегодишниот маж кој има изгореници, исеченици на главата и труење е задржан на болничко лекување во Општата болница во Велес.

Пожарот избувнал во 13:00 часот, на улицата „Кирил и Методиј“. Пожарникарите имале потешкотии да стигнат до опожарената куќа поради паркирани возила и слични пречки. По долгата интервенција, околу 16 часот пожарот бил локализиран и ставен под контрола.

Од Хирушкото одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес информираат дека повредениот 62 – годишен маж е вон животна опасност и на кој по приемот во 14 часот и 40 минути веднаш му била укажана прва помош и реанимација. Тој од пожарот имал изгореници по целото тело и исеченици на главата, како и труење со чад на белите дробови, поради што е задржан на лекување во велешката болница.