HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице загина во сообраќајна несреќа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа

police-tape

Седумдесет и осум годишен жител од скопско ’Ржаничино попладнево го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила на главната улица во селото.

Според првичните информации на позитив.мк во мажот удрил автомобил „Застава“ управуван од 31 годишно лице од Велес. Итната медицинска помош на местото на настанот констатира смрт кај прегазениот пешак.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за нејзино расчистување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com