Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице потешко повредено при сообраќајна несреќа во Кичево

Едно лице потешко повредено при сообраќајна несреќа во Кичево

Едно лице е потешко повредено при сообраќајната незгода што се случила утринава околу 8:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Осломеј.

-Собраќајната незгода се случила во момент кога возилото „нисан“ со кичевски регистарски таблици управувано од повредениот жител на Кичево роден 1962 година, ненајдено се вклучило од спореден пат при што не му дало предност на возилото „фолксваген“ кое се движело во правец од Осломеј кон Кичево, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Повреденто лице првично било однесено во Кичевската болница, а потоа било префрлено во Скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.