HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице го загуби животот во сообраќајка кај село Радолиште, прегазен пешак во Охрид

Едно лице го загуби животот во сообраќајка кај село Радолиште, прегазен пешак во Охрид

policija

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на лице место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга.

Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот, сега починатиот изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од патот, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво.

На местото на сообраќајната незгода, по овластување на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Пежо“ е подигнато за понатамошен технички преглед

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 16 часот и 45 минути се случи на улицата „15 корпус“ во близина на бензиската пумпа „Навис“ во Охрид.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Г.К.(62) од Охрид, кој во критичниот момент го преминувал коловозот на место каде нема обележан пешачки премин. Притоа, врз него налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движел од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.

Извор: makfax.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com