HomeДЕНЕШНАРепубликаЕдно лице е убиено во тепачка на емигранти во центарот на Белград

Едно лице е убиено во тепачка на емигранти во центарот на Белград

mkd-294336

Едно лице е убиено, а две се повредени во пресметки со ножеви меѓу емигранти во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.

Танјуг, повикувајќи се на српското министерство за внатрешни работи, јавува дека од добиените повреди во Ургентниот центар во Белград умрел државјанин на Авганистан идентификуван како С.Г., а две лица со тешки повреди биле префлени во болница.

Б92 јавува дека лекарите се борат за животите на двете повредени лица.

Српската полиција уапсила пет осомничени за учество во тепачките, а при претресот кај нив биле најдени ножеви.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com