Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЕдна ракија дневно за здрав живот!

Една ракија дневно за здрав живот!

Контролираното, односно повременото конзумирање на алкохол, според некои истражувања е секако поздраво од конзумирањето на алкохол секојдневно, но е поздраво и од воопшто не конзумирањето на алкохол. Конзумурањето на Една ракија дневно делува превентивно на дијабетесот, ревматичниот артритис, остеопорозата, камен во бубрег, стрес и депресија, паркинсова болест, хепатитис А, ангина пекторис, а добра е и за меморијата.

Треба да се знае како се пие ракија. Не треба да се претерува, треба да се ужива во нејзината боја, мирис, вкус и да се пие во умерена количина. Конзумирањето на ракија еднаш дневно овозможува подобро снабдување на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, ја намалува можноста за создавање на згрутчувања во крвта, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ја отстранува болката во нозете…Исто така го намалува нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.