HomeДЕНЕШНАСветЕдна недела пред изборите Трамп во предност пред Клинтон

Една недела пред изборите Трамп во предност пред Клинтон

us-elections-2016-638871

На една недела пред изборите, Доналд Трамп, според анкетите ја претрка ривалката Хилари Клинтон. Ова е првпат од мај годинава, Трамп да биде во предност. Тој има 46, додека Клинтон 45 проценти поддршка. Анкетата следи по веста за одново отворање на истрагата што ја најави ФБИ против Хилари Клинтон, поради користење на првитната е-маил адреса за испраќање информации со доверлива содржина.

Клинтон беше во водство и многумина веќе ја гледаа како нов претседател на САД, но новиот развој на настаните во врска со мејловите и нанесоа значаен удар на нејзината кампања.

Откако трката на претседателските избори во САД станува се понеизвесна, светските берзи и американскиот долар бележат пад. Инвеститорите во светот во изминативе неколку недели се обложуваа на тоа дека Клинтон уверливо ќе победи со оглед на резултатите од анкетите кои покажуваа дека таа има неколку проценти предност пред Трамп. На Волстрит во вторникот цените на акциите паднаа, бидејќи вложувачите се загрижени пред претседателските избори во САД. Пазарот ја преферира Клинтон, бидејќи смета дека победата на Трамп би можела да предизвика несигурност по прашањето на економската политика.

Додека Доналд Трамп се обидува да го задржи фокусот со пораките на Клинтон, демократите ги обелоденија сомневања дека Трамп одржува врски со Русија. ФБИ поминал неколку месеци ова лето истражувајќи за потенцијална интервенција на Русија на изборите во САД и не е откриена директна врска со Трамп. Во извештајот се вели дека агентите на Бирото ги проверувале врските меѓу бизнисот на Трамп и руска банка.

Холивудски актери, пејачи, спортисти се поделија исто така во два табори. Кај Клинтон листата е нешто подолга, тука се Кејти Пери, Лејди Гага, Џорџ Клуни, Роберт Де Ниро, Мерил Стрип. На страната на Трамп се Чарли Шин, Клинт Иствуд, Мајк Тајсон.

Во вторник на 8 ноември, ќе се знае кој ќе влезе во Белата куќа на функцијата Претседател на Америка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com