Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдна година затвор за возачот на камион кој усмрти 12 годишно девојче во Хром

Една година затвор за возачот на камион кој усмрти 12 годишно девојче во Хром

Една година затворска казна доби возачот кој пред пет месеци со камион прегази 12-годишно девојче во скопската населба Хром. Во пресудата е утврдено дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, а причина за несреќата е мртвиот агол што настанал кога девојчето почнало да го поминува пешачкиот премин. Возачот, од висината на камионот не го видел девојчето.

Возачот Раде В. доби една година казна затвор, како и една година забрана за управување со моторно возило. Нему му се судеше за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кое според законот е предвидена затворска казна од една до пет години.

При носење на пресудата, Судот предвид ги зел олеснителните околности како што се: признавањето вина од страна на обвинетиот, искреното жалење и каење, неговата тешка материјална, здравствена состојба и тоа што никогаш не бил осудуван. Обвинителството има право на жалба на пресудата.