Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕдна година по трагедијата – Кој го сруши авионот над Укранина

Една година по трагедијата – Кој го сруши авионот над Укранина

Семејствата на загинатите патници на авионот Боинг 737 на лето МХ-17 на Малезија Еирлајнс одржаа комеморација за едногодишнината од трагичната несреќа. Холандската влада вети дека ќе ја спроведе до крај истрага за соборувањето на патничкиот авион над небото на Источна Укранина за што се сомневаат дека е дело на руските бунтовници со БУК ракета.

oleg mh17„Ако проектилот како што тврдат западните сили е истрелан од Шензое областа, тогаш според сите експерти ќе бил регистриран од радарската станица во Ростов, но ако ракетата била истрелана од Зарошченкое градот контролиран од силите на Киев тогаш конфигурацијата на радарот не би ја забележала нити стрелбата на проектилот, ниту неговата тракеторија“, изјави Олег Сторчејов заменик директорот на Руската федерална агенција за воздушен транспорт.

 

Од друга страна, пак руските воздушни власти тврдат дека имаат сведоци дека во тој ден на небото надлетувале воени авиони и според нивните анализи постои можности Боингот да е срушен со ракета воздух-воздух, а не од земја.

mh17 comemoration

На кобниот 17 јули пред една година при соборувањето на авионот загинаа 298 патници и членови на екипажот, а одговори за виновниците се уште нема, па поради комлицираниот судир на САД и Русија никој не верува дека ќе има судски процес и правна завршница.