Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕдмунд Темелко по трет пат избран за градоначалник на Пустец

Едмунд Темелко по трет пат избран за градоначалник на Пустец

Старо-нов градоначалник на единствената македонска општина во Албанија е Едмонд Темелко, кому ова е му е трет мандат на оваа функција, јави МИА.

Темелко беше кандидат на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). За него гласале 2.076, додека за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски од Демократската партија, 488 гласачи. Темелко беше единствен кандидат од МАЕИ за градоначалник.
mak alijansa
Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран во 2007 година, по вторпат 2011 година. За лидер на партијата е избран во 2009 година, а беше реизбран на Конгресот во 2013 година.

Од партијата се надеваат дека и во Советот на Општина Пустец ќе имаат мнозинство. Советнички места очекуваат во повеќе општини. Со свои листи за советници партијата учествуваше во 16 од вкупно 61 општина.