Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕдмонд Темелко доби 30 дневен притвор

Едмонд Темелко доби 30 дневен притвор

Триесетдневен притвор за Едмонд Темелко одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Како што информираат од скопскиот Кривичен суд, мерката притвор од 30 дена ќе важи од денот на неговото наоѓање.

Градоначалникот на општината Пустец во Албанија Едмонд Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Темелко е еден од осомничените на СЈО за кривични дела против изборите и гласањето.