HomeИздвојувамеЕдинствена Македонија ве носи на ''Илинденски велосипедски марш''

Единствена Македонија ве носи на ''Илинденски велосипедски марш''

”Илинденски велосипедски марш” до Крушево и Мечкин Камен во организација/замисла на Единствена Македонија. Во чест на јунаштвото и борбата на Илиндените, младинското здружение Единствена Македонија организира прв извидничко-истражувачки велосипедски поход од Скопје до Крушево и Мечкин Камен.
bikeПоходот започнува на 31.07. во 06:00 пред порта Македонија и спомениците на Никола Карев и Питу Гули, па преку градот Велес каде ќе има поклонение пред споменикот на велешките илинденци и гемиџиите, се продолжуваме до Богомила родното место на Петар Поп Арсов каде ќе ноќеваме (во шатори). Утредента на 01.08. продолжуваме преку Богомилскиот Преслап меѓу Бабуна и Даутица во Пелагонија и Прилепското Поле од каде ќе се искачиме до Крушево и Мечкин Камен. На 02.08. ќе се присуствува на големата прослава на најголемиот македонски празник Илинден и ќе се посетат повеќе знаменитости. Враќањето е на 03.08. со точаци до Прилеп каде ќе се фати воз за Скопје. Ова е прв пробен и истражувачки поход кој по собраните искуства оваа година ќе прерасне во традиционално спортско-рекреативно одбележување на празникот Илинден со надеж дека ќе стане дел и од официјалната програма на прославата. Со почит кон илинденците, партизаните и сите македонски борци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com