Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕдиница за кибер криминал работи на случајот „План Б“

Единица за кибер криминал работи на случајот „План Б“

Главниот обвинител на Првостепениот основен суд Илиас Загораиос побарал да се започне истрага и да се вклучи единица за кибер криминал во која ќе се утврди дали имало обид да се пробие онлајн системот кој го користи Генералниот секретаријат за јавни приходи.

Барањето било доставено до шефот на одделот за кибер криминал, Манолис Сфакианакис, како дел од прелиминарната истрага за проверка на вмешувањето на неполитички личности во таканаречениот „План Б“ на Јанис Варуфакис.

Обвинителот побарал истрага од страна на единицата затоа што сака да има две вештачења од различни тела за ова прашање, јавија грчките медиуми.