HomeДЕНЕШНАРегионЕди Рама: Голема Албанија, Србија или што било друго „големо“ е дел од минатото

Еди Рама: Голема Албанија, Србија или што било друго „големо“ е дел од минатото

Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека можноста за обединување на Албанија и Косово припаѓа на минатото, пренесе Танјуг. Рама тоа го изјавил во интервју за Ал Џезира прашан за можно обединување на Косово и Албанија.

– Тоа никогаш не било наша цел, бидејќи силно верувам дека „голема Албанија“, „голема Србија“ или што било друго „големо“ е дел од минатото. Тоа никогаш не било опција, тоа едноставно припаѓа на минатото, изјавил Рама.

На прашањето зошто за албанскиот премеир е важно Белград да ја признае независноста на Косово, Рама истакнал дека тоа е многу важно за луѓето, како за граѓаните на Албанија, така и за косовските Албанци и Срби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com