Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕди Рама да се повлече како Груевски па опозицијата ќе оди на избори

Еди Рама да се повлече како Груевски па опозицијата ќе оди на избори

Албанската опозиција продолжува со примена на „рецептите“ на СДСМ во политичката борба со Еди Рама од кого бараат да се повлече од премиерската функција за да се создадат услови за организирање на избори или во спротивни тие ќе бојкотираат.

albania protest basa

Во заедничката изјава на сите опозициски партии се вели дека ако изборите не бидат организирани од експертскa влада тогаш тие нема да учествуваат на изборите.

„Постигнавме едногласна одлука да не поднесуваме документи за регистрација и учество на изборите до Централната изборна комисија додека не биде постигнат договор за формирање на експертска влада“, пишува во декларацијата на опозициските партии.

Лидерите им се заблагодарија на учесниците во протестни шатори, кој беа кренати пред околу 40 дена во центарот на главниот град Тирана. Потсетуваме дека лидерот на најголемата опозицона формација – Демократската партија, Љуљзим Баша јавно го обвини Еди Рама за врски со мафијата.

„Рама и мафијата се едно и тоа нешто се знае во Европа и САД“, рече Баша.