Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕден загинат мигрант, девет повредени во тешка сообраќајка кај Бујановац

Еден загинат мигрант, девет повредени во тешка сообраќајка кај Бујановац

Вчера околу 22 часот и 30 минути кај селото Давидовац, Бујановац во Србија, загина Авганистанка, а девет лица се повредени во судар на камион со македонски регистарски таблички и автобус со регистрација од Лесковац, кој превезувал азиланти од Прешево кон Врање и Белград., јавуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации до несреќата дошло кога автобусот удрил во камионот кој бил паркиран на десната лента, на место одредено за паркирање.

Според информациите , за згрижување на повредените патници, биле ангажирани четири санитетски возила, две од Врање и по едно од Бујановац и Прешево. Сите повредени биле пренесени во болницата во Врање. По укажаната медицинска помош во болницата во Врање, 7 биле пуштени на домашна нега а две биле задржани на лекување.