Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕден загинат и еден тешко повреден во пукање во Куманово

Еден загинат и еден тешко повреден во пукање во Куманово

Едно лице почина, а второ е тешко рането во денешната престрелка која се случила околу 11.30 часот на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво насеље. Тешко ранетиот е пренесен во кумановската болница. Полицијата извести дека убиен е 71-годишниот Риза Р., а е ранет неговиот 30-годишен син. Во нив пукал зетот од Косово.

Неофицијално, сопругата на напаѓачот се вратила кај своите родители. Кога дознал дека сопругата не му е дома, туку кај нејзините, убиецот отишол во домот на неговиот дедо и со огнено оружје пукал кон жртвите, а по убиството тој избегал со возило „бмв“, а по него е започната потрага.