Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕден работник загина, а еден тешко повреден од мермерна плоча

Еден работник загина, а еден тешко повреден од мермерна плоча

Еден работник загина, а еден е тешко повреден откако ги погодила мермерна плоча која паднала од камион. Несреќата се случила вчера околу 19:30 часот во фирмата за преработка на мермер „Лабисчина“ во атарот на с. Ново Лагово-Прилеп.

Работникот Зоран Димески (1974) починал на лице место, а Жарко Стефаноски (1961) со тешки телесни повреди е пренесен во медицинскиот центар во Прилеп.