Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕБОР со 3 милиони евра ќе ги финансира жените бизнисменки

ЕБОР со 3 милиони евра ќе ги финансира жените бизнисменки

Европската банка за обнова и развој во соработка со Охридска банка која е дел од Сосиете Женерал ќе претстави нова програма за поддршка на жените во Македонија за нивно поголемо учество во економијата и започнување на бизнис. eborПрограмата е наменета за жените кои водат фирми и компании за добивање на обуки, финансиска поддршка, како и развивање на бизнис вештините.