HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе влезе ли СЈО прв пат во суд – рочиште за „Тврдина“, Грујоски на обвинителна клупа

Ќе влезе ли СЈО прв пат во суд – рочиште за „Тврдина“, Грујоски на обвинителна клупа

lence sjo tvrdina

Во кривичниот суд во Скопје во 11:30 минути е закажано првото судско рочиште за предметот „Тврдина“ кој СЈО го поведе против  поранешниот шеф на петата управа, Горан Грујовски кој е првообвинет, и уште шестмина вработени во управата за безбедност и контраразузнавање. Сите се товарат за уништување на документација од системите за следење на комуникациите.

Ова судење, ако не се земе во предвид случајот Пуч кој го презеде СЈО од Републичкото јавно обвинителство, е прво судење закажано за некои од случаите на СЈО. Судија во овој случај е Лидија Петровска која во јавноста стана позната како „Сваровски“ судија. Нејзиното име се спомнуваше во прислушуваните телефонски разговори што ги објави опозицјата дека наводно и давала Сваровски подароци на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

По првото закажано рочиште на 4 ноември, СЈО побара изземање на судијката Лидија Петровска, но претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски го одби ова барање. Оваа одлука беше потвредена и од Апелацискиот суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com