HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се маршира од СЈО до Собрание, граѓаните да го кренат гласот за победа

Ќе се маршира од СЈО до Собрание, граѓаните да го кренат гласот за победа

Граѓанско движење составено од уметници, новинари, актери и јавни личности денес ќе го предводи протестниот марш кој се одржува по повод 11 октомври, Денот на востанието на Македонија во Скопје ќе се маршита под мотото „Борбата продолжува, гласот победува” со поддршка на опозициската партија СДСМ.

Маршот ќе започне од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на улиците Рузвелтова и Партизанска во 14 часот. Потоа, маршот ќе продолжи по булеварот Партизански одреди до зградата „Тифани“, а по улицата Димитрие Чупоски ќе продолжи кон Собранието.

Пред парламентот ќе има поставено бина и на граѓаните ќе им се обратат четворица говорници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com