HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе се гради вториот дел од жичницата – еве колку милиони евра ќе чини изградбата

Ќе се гради вториот дел од жичницата – еве колку милиони евра ќе чини изградбата

zicara

Следната година ќе почне со реализација проектот за изградба на жичницата од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Водно. Ќе биде поделена во две фази – ќе се пробива, односно спушта жичницата до средината на Скопје, втората фаза е до болницата Козле.

– Овој проект е продолжение на веќе изградената жичница од Милениумскиот крст до Средно Водно. Планирана е изградба на жичница долга 1.600 метри со вкупно 27 кабини од Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле до Средно Водно. Буџет: проценета вредност 7,4 милиони евра, овој проект е предвиден во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, 2017- 2020 година.

Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари, а пензионерите во одредени денови можат да се возат бесплатно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com