HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе пазариме ли наскоро и со кинески јуани

Ќе пазариме ли наскоро и со кинески јуани

Кинескиот јуан ќе прерасне во нова атрактивна светска валута откако Меѓународниот монетарен фонд го прифати како петта светска валута во својата кошница. Досега „валутната кошница“ на ММФ ја сочинуваа американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта.

Јуанот ќе учествува со 10,92% во валутната кошница на ММФ што дава сигнал дека кинеската економија добива меѓународно признание и можност за поголема експанзија токму преку валутата.
Директорката на ММФ, Кристин Лагард оцени дека вклучувањето на јунаот во „валутната кошница“ претставува „важен и историски чекор“ за меѓународиниот финансиски систем.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com