Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДвојно зголемен извоз како резултат на намалените царини и олеснетите процедури

Двојно зголемен извоз како резултат на намалените царини и олеснетите процедури

Пониските царини, скратените процедури за увозот и извозот, како и подобрувањето на бизнис климата и влезот на странски инвестиции придонесоа во изминативе десет години извозот да се зголеми двојно.  Пондерираната ефективна царинска стапка со вредност од 1,75 проценти е меѓу најниските во регионот а споредено со 2006 година, фирмите денес плаќаат 40 проценти пониски царини.

По основ на укинати и намалени царински надоместоци се остваруваат заштеди во износ од 12 милиони евра годишно. Според Државниот завод за статистика, извозот чија вредност во 2006 година изнесувал 1,92 милијарди евра е зголемен на 3,72 милијарди евра во 2014 година.