Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДвојните патарини во Србија стануваат минато

Двојните патарини во Србија стануваат минато

Србија ги укинува таканаречените двојни патарини на релациите Ниш-Прешево и Белград-Суботица. На овие делници ќе биде воведен систем на наплата според поминат километар, објави српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура. Новиот систем на наплата ќе почне да се применува од 1-ви октомври.

Новиот, праведен систем за наплата, според поминат километар, ќе се воведе на овие делници по барање на ова министерство, и потпретседателката на владата и министерка Зорана Михајловиќ, која се залага и за ист систем на наплата во цела Србија, без исклучок.