Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДвојна ограда на македонско – грчката граница за справување со мигрантите

Двојна ограда на македонско – грчката граница за справување со мигрантите

Македонија започна да подигнува двојна бодликава ограда на границата со Грција, поради полесно справување со приливот на илегални мигранти, потврди АРМ. Вториот заштитен бодликав обрач се подигнува покрај веќе постоечката ограда долж границата со Грција, која беше поставена во ноември.

Должината на оградата ќе биде околу 35 километри, лево и десно од преминот 59. Според податоците на граничната полиција, дневно во Македонија се откриваат најмалку 20 илегални преминувања, најчесто долж течението на реката Вардар, како и кај селата Богородица и Моин. На неутралниот премин кај каменот 59, пак, полициските контроли откирваат меѓу 100 и 200 мигранти со лажни потврди и фалсификувани пасоши.

Покрај сигурноста на границата, се апелира да се зголеми безбедноста и во меѓузоните и пограничните реони, каде е можно криумчарење, но и развој на најразличен вид криминал.